Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година


1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2025 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 14/24) и Правилник за начинот и постапката за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година бр.01-2763/1  од  07.02.2025 година, Градоначалникот на Општина Куманово, распишува


 

Ј А В Е Н   П О В И К

за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година

 

Јавниот повик се распишува заради обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија и законите, преку давање на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово.

За распишување на овој Јавен повик обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово согласно Програма за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2025 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 14/24).

 

Финансиската поддршка на здруженија се однесува на вршење работи од социјална заштита, односно:

Финансиска поддршка на здруженија кои се во фаза на развој, односно подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги и тоа:

Услуги на информирање и упатување;
Услуги на стручна помош и поддршка;
Услуги на советување;
Услуги во домот;
Услуги во заедницата;
Услуги за вон-семејна заштита.

Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги коишто се дел од Социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година.
Финансиска поддршка се однесува и на здруженија кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП а до денот на објавување на јавниот повик немаат добиено лиценца за работа на територија на општина Куманово.
Финансиската поддршка од овој Правилник, не се однесува на здруженија кои веќе имаат добиено лиценца за спроведување на социјалната услуга од страна на ресорното министерство а за којашто бараат финансиска поддршка преку јавниот повик објавен од страна на Општината.
Право на финансиска поддршка не можат да добијат здруженија коишто три години последователно имаат добиено финасиски средства од страна на Општината за развој на социјални услуги преку објавените јавни повици.
Предност ќе имаат апликации кои се однесуваат на развој на услуги на вонсемејна заштита.

 

Како подносители на барањата за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово, може да се јават здруженија кои ги исполнуваат следниве критериуми:

Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
Да имаат Статут и Програма за работа за 2025 година која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;
Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на социјалната заштита на територија на општина Куманово;
Да имаат работно ангажирано минимум едно лице;

 

Подносители на барањата за остварување на правото на финансиска поддршка кои ќе се пријават на Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година, а врз основа на член 3 и 4 од овој Правилник , потребно е задолжително да приложат:

Апликативен формулар за остварување на право на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2025 година
Изјава од апликант
Тековна состојба од Централен регистар на РСМ со седиште на територија на општина Куманово (со полн назив, адреса и регистрирана дејност), не постара од 6 месеци;
Статут на здружение;
Програма за работа на здружение за 2025 година која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита ( заверена со печат и архивски број);
Потврда од Управа за јавни приходи (УЈП) за платени даноци и други јавни давачки не постара од шест месеци;
Трансакциска сметка на здружението;

 

Формуларот за апликација, уредно пополнет со целокупната пропратна документација се доставува во писмена форма, во рокот утврден во јавниот повик, во општинската архива или по пошта, со назнака:

„До Комисија за разгледување на барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година“- Општина Куманово , ул.  11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.

Апликациите со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок нема да бидат предмет на разгледување.

Едно здружение на јавниот повик може да поднесе само едно барање за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита.

 

Сите заинтересирани здруженијa, формулар за апликација за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово за 2025 година, можат да го превземат ТУКА од web страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk или на портирница во зградата на поранешен „Козјак“.

               Рокот за поднесување на барања за учество на јавниот повик ќе трае 14 (четиринаесет) дена односно од   10.02.2025  до 23.02.2025 година.

Сите заинтересирани здруженија подетални информации за јавниот повик можат да добијат во просториите на Општина Куманово во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита (Поранешна зграда на Козјак).                                  

                                    

                                                                            

The post Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK