Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2025 година


1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на IV Општа мерка од Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година бр. 09-12889/42 од 16.12.2024 г.(„Сл. гласник на Општина Куманово“ бр.14/24) и член 2 од Правилникот за начинот и постапката за остварување на  правото на финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2025 година, донесен од страна на градоначалникот на Општина Куманово, бр.01-2629/1 од 06.02.2025 година, Општина Куманово објавува

Ј А В Е Н  П О В И К


за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2025 година

 

Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година бр.09-12889/42 од 16.12.2024 година се распишува Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на теми:

-подигнување на свеста за превенција на дијабетесот;

-подигнување на свеста за превенција од сексуално преносливи болести;

-подигнување на свеста кај родителите заради поголем опфат со вакцинација кај децата;

-рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања

– и други теми од областа на здравствена заштита.          

Критериуми

Како подносители на предлог-проекти остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово, можат да се јават здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита а кои ги исполнуваат следните критериуми:

– Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани/правни лица и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;

– Да имаат Програма за работа за 2025 година која опфаќа активности од областа на здравствена заштита;

Едно здружение/правно лице на Јавниот повик може да поднесе еден предлог-проект за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита.

Секој предлог-проект се доставува со апликационен формулар до општинската архива.

Потребна документација

Подносителите на предлог – проекти потребно е да достават:

-Апликационен формулар (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт); Превземете ТУКА.

-Тековна состојба од Централен регистар на РСМ со седиште на територија на општина Куманово (со полн назив, адреса и регистрирана дејнос)т;

-Статут на здружение/правно лице;

-Програма за работа на здружение и друго правно лице за 2025 година која опфаќа активности од областа на здравствена заштита;

Рок и начин на доставување на предлог-проекти

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  ќе трае 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето, односно од 10.02.2025 година заклучно со 24.02.2025 година.

Сите заинтересирани здруженија/правни лица, апликационите формулари за остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2025 година, можат да ги подигнат по електронски пат на горенаведената веб страна или во општинските простории – портирница во зградата на поранешен „Козјак.

Предлог – проекти со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ул.  11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.

Апликационите формулари со непотполна документација и/или поднесени надвор од предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

The post Ј А В Е Н П О В И К за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2025 година first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK