ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ


markica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 14.07.2025 година (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 часот во понеделник до 6:00 часот во вторник.


Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

 

 

The post ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK