ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „ТИЕ ДОАЃААТ“


kniga-scaled.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.

‎Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.

‎Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.

‎Промоцијата на книгата ќе се одржи во петок, на 12 септември 2025 година, на мини плоштадот „Вангел Наумовски“. Настанот е дел од активностите за одбележување на деновите посветени на литературата за деца.

 


 

The post ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „ТИЕ ДОАЃААТ“ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK