Денеска во ООУ “Толи Зордумис” – Куманово се одржа обука за наставници по физичко образование во врска со успешна реализација на наставата. Истата е организирана од страна на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива”, со поддршка на Сектор за образование и Специјална олимпијада Македонија. Беше доделена и донација на справи и реквизити од “Инклузива” и Специјална олимпијада. Проектот ќе се реализира во наредните шест месеци.
The post Инклузивни часови по физичко образование за учебната 2024/25 година first appeared on Општина Куманово.