За 22 дена од оваа година, до операторите на општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „СИСТЕМ 48“ се пристигнати вкупно 55 пријави. Најголем број, односно, 47 од пријавите се за уличното осветлување, 2 за собирање смет и исто толку за водовод и канализација и по една пријава за општински инспекциски служби и паркови и зеленило. Пријавите се доставени до надлежните општински служби, дел се решени, а останатите се во фаза на решавање бидејќи за нив е потребно повеќе време од 48 часа.
Минатата година до овој сервис биле доставени вкупно 1.153 пријави, од кои најголем дел се решени.
„СИСТЕМ 48“ функционира 14 години и се покажа како корисен информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица, кој предвидува решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа.
Потсетуваме дека на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076/484-848 граѓаните може да пријавуваат проблеми од областа на уличното осветлување, општински инспекциски служби, собирање на смет, водовод и канализација, улици, патишта и тротоари, урбана опрема, паркови и зеленило, кучиња скитници
и сообраќајна сигнализација. По пријавувањето, операторите во „СИСТЕМ 48“ барањето на граѓаните ќе го проследат до надлежните општински служби, а во рок од 48 часа ќе добијат одговор, конечно решение или поведена постапка за решавање на нивното барање.
Градоначалникот Петар Јанков, ги охрабрува граѓаните на општина Струмица помасовно да ги користат услугите на „СИСТЕМ 48“ и да ги пријавуваат проблемите со коишто се соочуваат и ги забележуваат, а општинските служби веднаш ќе пристапат кон нивно решавање. Покрај пријавување на проблеми, овој систем е отворен и за предлози и сугестии со цел подобар живот на сите граѓани во Општината.
The post Граѓаните го користат „СИСТЕМ 48“ за подобар живот во општината appeared first on Општина Струмица.