Градоначалникот Петар Јанков оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија


8f791155-6c3f-4c8d-b87d-c5c5c9c4bcac.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Шродер, заменик-шеф на политичкиот сектор и Кристина Димовска, претставничка на одделот за евроинтеграции.

На средбата се разговараше за извештајот на Европската Комисија за Македонија, односно за Пакетот за проширување на ЕУ за 2025 година, а се разгледуваа и можностите за проширување на соработката преку зајакнување на институционалната транспарентност, намалување на корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги, како области од клучно значење за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.


The post Градоначалникот Петар Јанков оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK