­

Градоначалникот на Куманово го посети логистичкиот центар на Лидл во индустриската зона Речица


Photo 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Куманово, 05.03.2025) – Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија Лидл го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија.

Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално е во фаза на заградување на магацинот. Логистичкиот центар на Лидл се простира на површина од 64 000 квадратни метри во рамките на комплексот на површина од 170 хектари. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра, а по завршувањето на проектот се очекува да се отворат нови 150 работни места кои значително ќе се одразат на локалната економија.


Лидл ја избра локацијата во Куманово поради поволната географска положба и одличната инфраструктура, што ќе овозможи брзо и ефикасно снабдување на идните продавници на Лидл во Северна Македонија. Во изградбата на логистичкиот центар се користат најсовремени и најиновативни градежни стандарди, со посебен акцент на одржливоста. Центарот ќе биде опремен со фотоволтаични панели со вкупен капацитет од 1,7 мегават часови, што ќе придонесе за зголемена енергетска ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK