Во пресрет на новата учебна година, општината Ѓорче Петров информираше дека се преземаат активности во насока на подобрување на условите во општинските основни училишта.
„Денес извршивме увид во градежни активности на ООУ „Мирче Ацев”. Се работи на реконструкција на ѕидовите низ целото училиште во вкупна површина од 8000м² и реконструкција на 10 тоалети.
Дополнително обезбедени се услови за непречено одвивање на наставата во една смена. Со ова учениците повеќе нема да посетуваат настава во попладневните часови“, велат од општината.
„Нашиот мотив е да обезбедиме подобри, современи и достојни услови за следење на наставата на нашите најмлади. Нашите ученици заслужуваат своите училишни моменти да ги поминуваат во соодветни услови.
Да вложуваме во нашата младина, бидејќи тоа е нашата иднина. Образованието е огледало на државата.
Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе продолжи да реализира проекти кои се во насока на подобрување на животот на сите граѓани“, се додава во соопштението на општината.