Скопје, 9 јули 2023
Почитувани граѓани на Општина Бутел,
Поради несовесното работење на Град Скопје и ЈП Комунална Хигиена, во општината се насобра многу ѓубре на локации кои се надлежност токму на горе споменатите институции.
Поради ваквата состојба, побарав помош и лично се обратив до мојот колега Марко Колев градоначалник на Општина Велес. Тој веднаш се одзва на моето барање и уште вечерва ќе испрати механизација и работна сила, која заедно со вработени од општина Бутел ќе спроведат голема акција за чистење на насобраното ѓубре.
Граѓаните на општина Бутел не смеат да бидат заложници на нечие несовесно работење.
Фејсбук објава на Дарко Костовски градоначалник на општина Бутел
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ