Градоначалникот Костадинов оствари средба со Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата на САД

428eb187-acb7-4984-b5e4-cc6d9e703bee-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на гостите од амбасадата на САД во Република Северна Македонија предводени од г-а Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници.

На средбата разговараа на повеќе актуелни теми на државно и локално ниво, а посебен акцент беше ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и се уште се соочува општина Струмицаво последниот месец, како што се водата за пиење и недобивањето средства за новиот градски пазар од унгарскиот кредит.


Претставниците на Амбасадата се интересираа, а градоначалникот Костадинов детално ги информираше за голготата со водата којашто Општината и ЈПКД „Комуналец“ ја поминаа исклучиво сами и без никаков интерес и поддршка од владините институции иако тие имаат надлежности, како и за тоа дека Струмица остана единствена Општина којашто не само што не доби средства, туку остана и без писмено известување зошто е одбиена од унгарскиот кредит иако и струмичани ќе ја имаат обврската за неговото враќање.

При тоа градоначалникот им ги објасни и причините за подигањето на алармот во ЗЕЛС, а и се заблагодари на г-ѓата Мекејлеб за покажаниот интерес и дадената поддршка на Струмица и струмичани, во време кога тие се соочуваат со сериозни предизвици и сами бараат и наоѓаат решенија за нив.

The post Градоначалникот Костадинов оствари средба со Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата на САД appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK