Децата од ЈОУДГ„Мајски Цвет“- Битола заедно со своите родители го посетија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, каде што ги подарија своите изработки направени со помош на родителите за настанот “Битола низ детските очи” организиран по повод 4-ти Ноември.
Настанот беше поттик за уште една успешна соработка со родителите и локалната заедница со што децата покажаа како се сака родниот град.