Се запали Градската депонија „Трештена скала“ во Штип. Иако депонијата е одалечена над 10 километри од градот, сеапк ветерот го носи чадот кон градот Штип, за што веќе околу еден час се чувствува неподнослива реа од она што гори на депонијата. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков и командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев потврдија дека станува збор за пожар на депонијата. Екипите на ТППЕ-Штип и на ЈП „Исар“ се на депонијата, со цел да се изгасне пожарот.
-Во соработка со пожарникарите нашите екипи од ЈП „Исар“ се на лице место, за да делуваме со цел да се спречи ширење на пожарот, а дополнително ќе утврдиме кои се причините за настанатиот пожар, вели Зајков.
Командирот на ТППЕ-Штип, Коцев вели дека едно возило има на депонијата, а едно е на исцрпување на водата од улицата, паркингот и дворот на црквата „Свети Никола“. Очекува за кратко време да се изгасне и пожарот на депонијата „Трештена скала“. Ова не е првпат да се пали депонијата, во неколку наврати се поднесуваа и пријави против непознати сторители.