Гевгелија на 3 јуни ќе биде домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“


Untitled-design.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 3 јуни 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија организира гостување на Друштвото на новосадски книжевници и промоција на Меѓународната антологија „Нов духовен мост“. Книжевниот настан ќе биде одржан во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

Станува збор за двојазична антологија, во којашто се застапени творби на 49 автори од Македонија и Нови Сад, а којашто во декември 2024 година беше претставена во седиштето на Друштвото. Во рамки на промоцијата, ќе допатуваат и ќе бидат претставени следниве писатели и поети: Селимир Радуловиќ, Мирослав Алексиќ, Ѓорѓе Писарев, Сунчица Радуловиќ Торбица и Наташа Бундало Микиќ (Србија) и Христо Петрески (Македонија).


Целта на оваа нова книжевна организација, покрај останатото е и книжевно-културна размена помеѓу Нови Сад како европска престолнина на културата за 2021 година и останатите европски градови, преку континуиран процес на промовирање културни содржини и соодветен систем на вредности.

Untitled design – 1

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK