Гевгеличани ја проследија малерозната комедија „Петок 13“


a0a0c24d-aaa7-4542-b02f-9b9c1d53e2bc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 24 април 2025 година, гостуваше Народниот театар при НУЦК „Антон Панов“- Струмица со изведба на театарската претстава „Петок 13“. Преку брилијантно одиграните ликови од: Стојан Велков- Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев, публиката стана сведок на животни ситуации на семејни пријатели полни со малери, недоразбирања и човечки слабости, кои на моменти предизвикаа вистинска лава од смеа, но и моменти на тивко препознавање на сопствените навики.

Крајот не беше очекуван, зашто публиката немаше можност да открие на кој лик во претставата петок 13 ќе му биде најмалерозен и дека расплетот ќе биде трагичен. Режисер на претставата е Никола Ристов, а поставката е по сценарио на францускиот комедиограф, Жан Пјер Мартинез.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK