Герасимовски: На барање на Националниот сојуз на слепи обезбедуваме средства за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица

Герасимовски-На-барање-на-Националниот-сојуз-на-слепи-обезбедуваме-средства.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод меѓународниот ден на белиот стап 15 октомври градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски одржа конструктивен состанок со слепите лица од општината кој се покажа како уште една потврда дека општината секогаш е тука да помогне на ранливите групи.


„На барање на Националниот сојуз, обезбедивме финасиска поддршка за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица, кој ќе се одржи во чест на 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје, во просториите на Сојузот. Мило ми е што помогаме да се оствари оваа меѓународна спортска дружба која ќе донесе радост во нивните животи. Нас ќе ни биде голема чест и задоволство да присуствуваме на отворањето на турнирот“, истакна Герасимовски.

Општина Центар ги повикува лицата со попречен вид активно да се пријавуваат на повиците за субвенции и други проекти во општината наменети за загрозените категории граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK