Фотоволтаици на 6 основни училишта во Битола, годишна заштеда од 15.000 евра


fotovoltacii-768x475
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На покривите на шест основни училишта во Битола поставени се фотоволтаици кои ќе произведуваат струја од чисти извори за сопствени потреби, со што се очекува годишно да се заштедат до 15 000 евра. Фотонапонските централи се монтирани во училиштата „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“,  „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ во Кукуречени и „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица.

Во шесте училишта поставени се фотоволтаици со вкупен капацитет од 147,5 киловати моќност и ќе произведуваат околу 168.000 киловати електрична енергија годишно. Во дел од училиштата кои се греат на инвертер клими ова ќе биде од голема корист, зашто драстично ќе се намали трошокот за електрична енергија. Во другите училишта, произведената струја ќе се користи за осветлување на просториите, за топла вода и други потреби, но нема да ги земени системите за греење на мазут.


Продолжете со читање на mkd.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK