Fire Shield – Завршна презентација на проектот на Центар за развој на Североисточен плански регион – Куманово

IMG_8852.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пригодна атмосфера пред зградата на Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово, денеска беше промовиран завршниот дел на проектот “Заштита и превенција од пожари на микрорегионот на општините Куманово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане – Fire Shield”.
На промотивниот настан беа изложени противпожарна опрема, 3 специјализирани возила, униформи за шумски пожари и за отворен простор и техничка опрема за логистика на терен.
Присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, Министерот за локална самоуправа на РСМ, Златко Петрински, претставници од ТППЕ на Куманово и Ранковце, кои ја добија опремата, главниот координатор на проектот на државно ниво, Бисера Јакимовска и претставници од Центарот за развој на СИПР – Куманово, директорот Младен Протиќ и координаторот Владимир Павловски.
Проектот се реализираше во временски период од 2 години, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Владата на Швајцарија.
Пред присутните се обратија претседателката на Советот на Општината и директорот на Центарот за развој на СИПР – Куманово.


The post Fire Shield – Завршна презентација на проектот на Центар за развој на Североисточен плански регион – Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK