Финансиска поддршка за спортисти за прв пат во општина Илинден

ilinden_345354444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општина Илинден соопшти дека за првпат објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на оваа општина. Јавниот повик е согласно Правилникот за доделување на еднократна финансиска поддршка донесен од Советот на општината и наменет е за спортисти жители на Општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во тековната или претходните три години. Од општината информираат дека право на поддршка има и спортист жител на Општина Илинден кој постигнал спортски резултати натпреварувајќи се во екипни спортови како член на спортски клуб односно национална репрезентација.







Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека целта е да се поддржат и наградат спортистите од општината кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари. Јавниот повик содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000 денари, втора категорија во висина до 120.000 денари, трета категорија во висина до 90.000 денари, четврта категорија во висина до 60.000 денари и петта категорија во висина до 30.000 денари

Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден е со времетраење од денот на објавување заклучно со 15.09.2023 година во кој период можат да се поднесуваат барања. За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK