Два нови вида ракчиња се откриени при истражување спроведено на локалитетот кај изворите во Свети Наум во водите на Охридското Езеро.
Станува збор за досега незабележани и неидентификувани два вида ракчиња и еден род на гастроподи (полжави).
Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван како Ancylus naumiensis n. sp., вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како „Ancylus sp. D“, но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид, заради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.
Уште поголемо е значењето и откритието за вториот вид – Ohridonaumia trajanovski n. sp кој е целосно новоопишан, и тоа не само како вид туку и како род кој за прв пат се спомнува за изворите кај Свети Наум. Уште еден куриозитет за овој вид е неговата номенклатура, односно видот е именуван според Проф. Др. Сашо Трајановски, еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошки институт во Охрид, во чест на неговата двеиполдецениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.
Новот научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен екосистем.
Откривањето нови видови е резултат на повеќегодишно истражување, спроведено во рамки на проектот „Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги“, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната „abrdn“ фондација.
Идентификацијата на новите видови е направена во соработка со Универзитетите во Белград, Подгорица и Лоџ (Полска) и вклучуваа морфолошки и генетски испитувања.
Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно покренуваат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза но и улога во деликатната рамнотежа на овој воден систем. Истите ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата за нивна неодложна и долгорочна заштита.