Еколошка акција – засадување на дрвја во Куманово

462648511_3057603874378056_3140005215670762135_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на проектот “ЕУ за чист воздух”, спроведуван од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги  – УНОПС, во соработка со Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) и Одделението за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, денеска на локацијата – Градски парк, започнаа активности за садење на дрвја.
Предвидено е да се засадат 1815 дрвја, донирани од Европската Унија, на иницијатива и организација на УНОПС.
Акцијата претставува чекор напред кон создавање на  поздраво опкружување и зајакнување на отпорноста на градот на климатските промени и предизвици.
На денешната еколошка акција присуствуваа претставници од општинската администрација, секретарот Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, програмски раководител на УНОПС, Марко Вујачиќ, раководителот на Сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, вработени од ЈП “Чистота и зеленило” – Куманово, ЈП “Куманово – гас”, ученици доброволци од ООУ“Браќа Миладиновци” – Куманово и претставници од проектот, кој се спроведува во повеќе етапи.


The post Еколошка акција – засадување на дрвја во Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK