На 5 септември 2024 година, во организација на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, ќе се одржи еднодневната работилница „Кожуфски дијалози: Младинска едукација и еколошки иницијативи“.
Настанот ќе биде успешен простор за размена на идеи и креирање акциски планови во областа на заштита на животната средина. Во текот на настанот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со актуелните еколошки предизвици, да ги разгледаат можностите за нивно решавање и да развијат конкретни иницијативи за да допринесат во борбата за одржлива заедница. Од големо значење ќе биде и работата во групи, каде учесниците ќе имаат можност да се вклучат во тимски процес и да разработат идеи за проекти со потенцијал за позитивни промени. Презентациите на иницијативите ќе покажат разновидност и креативност, а дискусиите и фидбекот што ќе следат по нив, ќе бидат важни за да се усовршат идеите и плановите за акција.
Работилницата се спроведува како дел од Акцискиот план за Гевгелија којшто е во рамките на Проектот: „Младински активизам за позелени општини“, а е финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени/Center for Climate Change и Youth Association Kreaktiv / Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.
Учесниците ќе добијат сертификати, а заинтересираните е потребно да го најават своето учество кај службеникот за млади во Општина Гевгелија, Петар Јанчев, на следнава електронска адреса: [email protected].