– Една екипа од територијалната противпожарна единица сè уште е внатре во подрумските простории на Основниот суд Куманово. Заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски изјави дека над 90 проценти е локализиран пожарот, влезено е внатре во просториите. Дел од архивата е отстранета и на терен е една екипа од четворица пожарникари со едно возило.
– Ги повлековме сите возила, остануваме се до целосна ликвидација на пожарот, изјави Станковски за МИА.
Во текот на денот се сменија 15-тина пожарникари и пет возила.
И од судот кажаа дека ќе дежураат цела ноќ пред установата како и екипи на полицијата, од МВР, од обвинителство.
– Чади минимално, пожарникарите кажаа дека нема да има проширување на чадот, но и тие ќе останат со една екипа во текот на ноќта која ќе контролира, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.
Пожарот избувна минатата ноќ во 01:35 часот.