Дворот на училиштето „Пенестија” во Дебар од утре пренаменат во паркиралиште

20230702194404_big_730x400_86
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Дебар попладнево информираше дека дворот на Основното општинско училиште „Пенестија” од утре ќе биде пренаменат во паркиралиште, со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселениците и зголемувањето на бројот на возила.

– Како и секоја летна сезона и  оваа година се очекува на одмор да дојдат голем број наши сограѓани кои живеат и работат во странски земји од Европа, како и САД. Поради тоа ќе се зголеми потребата од повеќе паркинг места во градот Дебар. Затоа како и секоја година, од 03.07.2023 година, дворот на училиштето „Пенестија“ ќе биде достапно за паркирање, стои во соопштението.  Влезот ќе биде од задната страна на училишната зграда секој ден од 07 до 21 часот, се до последните денови од август кога иселениците се враќаат во земјите каде што живеат.


– Може исто така да се користат паркинг места кај паркингот во близина на детската градинка и локацијата кај стариот градски зелен пазар, се наведува во соопштението.  Оваа мерка Општина Дебар ја  воведува секоја година за време на летниот период, со што се  добиваат нови паркинг места, неопходни за овој период од годината.  Во овој период во градот престојуваат по над 10 илјади иселеници кои главно пристигнуваат со сопствени возила.

Исто толкав број ако не и повеќе пристигнуваат и во соседните општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, кои во Дебар доаѓаат да пазаруваат но и за други услуги.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK