Дводневна новогодишна програма во организација на ЈОУ Дом на култура и Пионерски дом

471411011_1009906211169241_5922369082271420783_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

            За зголемување на претпразничната радост кај дечињата, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија подготвија дводневна, новогодишна, културно-уметничка програма.

            Утре (26 декември 2024 година), во Народниот театар- Гевгелија, од страна на членовите на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ќе биде изведена театарската претстава за деца „Енгеле, бенгеле“ по сценариото на професорот по македонски јазик и литература, Тони Аврамов, а во режија на Катица Џишева Дупарова. Претставата ќе биде прикажана во два термина, со почеток од 10:00 и 11:30 часот.


            На 27 декември 2024 година, следува традиционалната манифестација „Дочек на Дедо Мраз“ на Градскиот плоштад, во 12:00 часот. Дечињата ќе имаат можност да го дочекаат и се сликаат со Дедо Мраз, а забавниот дел ќе биде проследен со концерт на Детскиот фестивал „Калинка“ и настап на Танцовото студио „Мистик“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK