Доделени средства за реконструкција на улица „Острец“ во Делчево

ulica shahta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со средства од Владата преку Министерството за транспорт и врски за имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите и од Буџетот на Општина Делчево ќе се реконструира улицата „Острец“ во населбата Трети Реон, информираа од Општина Делчево. За таа цел како што додадоа оттаму денеска во Министерството за транспорт и врски, министерот Благој Бочварски го додели Договорот со кој Општина Делчево доби 931.973 денари, средства за реконструкција на улицата, а со цел да се подобрат условите за живот преку Декадата на Ромите.


Градоначалникот Трајковски посочи дека улицата „Острец“ е главна сообраќајница во населбата Трети Реон, па реконструкцијата на оваа улица е од огромно значење за сите жители од населбата.

-Моменталната состојба на улицата е лоша, со големи нерамнини и ударни дупки, а ако се земе предвид и фактот дека претходно на улицата беше поставена нова водоводна инсталација во должина од 400 метри, тогаш планираната реконструкција на улицата е следната фаза која води до подобрена безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и соодветен пристап на противпожарни и амбулантски возила, со што се одговара на приоритетите на жителите од населбата, но и на сите граѓани, истакна Трајковски.

На улицата „Острец“ како што додаде претходно се реконструираше и критичната кривина на улицата која денес е со проширен коловоз, тротоари, потпорен ѕид, изградена атмосферска канализација, а улицата има и соодветно сообраќајно обележување.

-Сите овие инвестиции се потврда за нашиот сериозен пристап во решавањето на проблемите со инфраструктурата во градот и максималните заложби да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Делчево, нагласи Трајковски по доделувањето на средствата за реконструкција на оваа улица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK