Димитриевски: Врана на врана очи не вади, а Груби да и објасни на јавноста на што се должеше посетата во Будимпешта

maksim_dimitrievski_23423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВРАНА НА ВРАНА ОЧИ НЕ ВАДИ, тоа се потврдува со овој закон бидејќи истиот дава можност да бидат амнестирани оние кои што правеле кривични дела, оние кои што прават во моментот и оние кои што ќе прават во иднина. Во очи на јубилеј, прослава на Ден на независност да се носи ваков закон е срамно и погубно за сите актери во случајот, децидно порача градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во изјава за Канал 5 телевизија.

Димитриевски упати јавно прашање и до вицепремиерот Артан Груби, барајќи да и одговори на јавноста на што се должела неговата посета во Будимпешта.


“Јас имам само едно јасно и многу директно прашање до господинот Артан Груби, само да објасни на јавноста и да каже како поминал во Будимпешта и да даде детали на што се должела посетата, доколку е точно. Во оваа држава се прават многу непринципиелни разговори и многу непринципиелни коалиции”, прашува Димитриевски.

Според него, бројните изјави од страна на опозицијата по срамното носење на измените во Кривичниот законик од страна на власта се непотребни, кога истата таа опозиција имаше можност да го спречи ова.

“Сето тоа можеше да се спречи бидејќи видовме дека законот беше донесен со 43 гласа ЗА, што значи дека се обезбеди кворум од страна на опозицијата”, заклучува тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK