Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека градот Куманово повторно се наоѓа во најдобрата група институции со многу добра активна транспарентност со индекс од 95.8%, значително подобрувајќи ја транспарентноста во изминатите години според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
„Ја потврдуваме нашата континуирана заложба за искрен и отворен пристап кон граѓаните. Општина Куманово се наоѓа на 11-та позиција од вкупно 98 рангирани институции во Македонија, а воедно поседува највисок индекс на активна транспарентност од сите општини во североисточниот плански регион. Продолжуваме посветено, отчетно и транспарентно да работиме за граѓаните на Куманово“, истакнува Димитриевски.
Со почит,