ДЕТСКИОТ НАСТАН „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ ОВОЈ ПЕТОК ВО ОХРИД

ZA-SITE-DECA.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на Програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото:,,Културата расте со децата” ќе се одржи забавниот настан ,,Разигран плоштад”. Според предвиденото учениците од 5-то одделение од општинските централни училишта ќе играат во исти чекори, на ист ритам и ќе го прослават танцот.

Настанот ќе започне во 12:00 часот на градсакиот плоштад „Свети Климент Охридски“, по завршувањето на наставата. Учениците кои ќе учествуваат на настанот  или сакаат да бидат дел од публиката, треба да бидат на плоштадот најдоцна до 11:45 часот.



Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид оваа година за прв пат организираше  богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во нашиот град. На различни локации на отворено, почнувајќи од 21-ви јуни 2024 година, секој петок се реализираа низа културно-забавни настани и активности за деца под мотото „Културата расте со децата“. Сите настани беа бесплатни за публиката.

 

 

The post ДЕТСКИОТ НАСТАН „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ ОВОЈ ПЕТОК ВО ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK