Детската љубов кон фолклорот одбележана со Годишен концерт на Ансамбл „Бојмија“


501281898_10229993507283489_6890355896063332621_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија го одржа својот Годишен концерт на детските групи до 15 години, кој се одржа на 26 мај 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија. Овој значаен настан беше дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а воедно и дел од културното чествување на празникот Вознесение Христово- Св. Спас, заштитникот на градот.

Најмладите членови на Aнсамблот- децата до 15 години- со голема радост, посветеност и љубов кон фолклорот ја претставија својата годишна програма, извведувајќи традиционални македонски ора и песни од фолклорниот репертоар на Ансамблот. Годишниот концерт на детските групи го проследи и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со голем број граѓани кои беа дел од и уживаа во фолклорната вечер со славење на македонската традиција, обичаи и културно наследство.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK