Чествувањето на 7 Ноември во понеделник (11 ноември) завршува со Книжевен портрет на Горјан Петревски

465625788_565666015849662_560174123435234015_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 11 ноември (понеделник), во 19:00 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ќе се одржи и последниот настан од културно-уметничката програма за овогодишното одбележување на 7 Ноември – Книжевен портрет на авторот на книги за деца, Горјан Петревски.

Во рамки на портретот, за творештвото на овој популарен автор, кој е воедно и автор на еден од најтиражните македонски романи, лектирата „Марта“, ќе зборуваат проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Јованка Денкова.


ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ ги поканува гевгеличани да го проследат овој настан, со којшто се чествува македонската литература за деца преку еден од најпрепознатливите нејзини претставници, непосредниот, лирски нијансиран раскажувач Горјан Петревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK