Честитки од градоначалникот Сарамандов за младите каратистки од КК „Армор“ по постигнатиот успех на Интернационалниот турнир во карате

465870188_568391155578918_4358802816094668721_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

            Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со членовите на Карате клубот „Армор“ од Гевгелија. Приемот на децата- членови на КК „Армор“ е по постигнатиот одличен успех на 2. по ред Интернационален турнир во карате, којшто се одржа минатиот викенд во Дојран.

            Имено, Јована и Симона Дичеви заедно со Тијана Гоцкова го освоија златниот медал натпреварувајќи се во дисциплината „Ката тим“ на Турнирот. Со тоа, како членови на КК „Армор“- Гевгелија, го освоија третиот по ред златен медал во истата категорија.


Градоначалникот Сарамандов упати честитки до нив и нивниот тренер и го изрази своето задоволство што Клубот продуцира млади и талентирани спортисти кои работат напорно и постигнуваат одлични реултати. Притоа ја потенцираше поддршката од локалната самоуправа како значајна за спортските здруженија и спортисти.

            – Наша цел е овозможување реализација на програмските активности за сите кои сакаат да вложуваат во себе, а истовремено да ја афирмираат нашата општина- истакна Сарамандов.

            До 10 ноември 2024 година, Јована Дичева, Симона Дичева и Тијана Гоцкова учествуваат на 24. Балканско првенство во карате за кадети, јуниори и У21 што се одржува во Сараево, БиХ. Од Македонија, учествуваат над 100 натпреварувачи, пријавени за индивидуални и екипни категории. Градоначалникот Сарамандов им посака успех и уште едно одлично претставување со освоен медал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK