Работната недела на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, започна во весела атмосфера, предизвикана од честитката за Општинскиот празник- 7 Ноември. И тоа, од најмалите жители на општина Гевгелија. Во Салата за состаноци во Општина Гевгелија, градоначалникот Сарамандов ги прими дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија заедно со нивните воспитувачки и негувателки. На приемот, дечињата со радост и песни за Гевгелија му го честитаа 7 Ноември, а притоа, имаа и можност да му постават по некое прашање за неговата работа и работата на Општина Гевгелија.
Исто така, на средбата Сарамандов упати голема благодарност кон наставниот кадар за нивната посветеност и секојдневната работа со децата, истакнувајќи дека вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да уживаат во модерните придобивки на денешното општество и правилни да се воспитуваат.