Бочварски во посета на Владимирово каде се реконструираше регионалниот пат Берово – Владимирово

Bocvarski Vladimirovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна посета на Општина Берово, Зноко Пекевски со кого извршија увид на реконструираниот регионален пат Берово – Владимирово. Реконструкцијата е во должина од 5,5 км, а инвестицијата е вредна 45 милиони денари, обезбедни преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Како што истакна Бочварски во изјавата за МИА, соработката помеѓу централната и локалната власт е на одлично ниво, што според него се должи на заедничката работа на големиот број проекти за развој на Малешевскиот регион.


-Драго ми е што сум денес со граѓаните на Владимирово, со членови на здружението Илинденски Средби и токму поради тоа што решивме еден од најгорливите проблеми и прашања кои се наметнуваше во минатото тоа е рехабилитација на регионалниот пат од Берово до Владимирово. Сметам дека направивме добар проект добро дело за граѓаните. Мислам дека со ваквите проекти даваме сериозен придонес во тоа да ги задржиме граѓаните во своите родни места, да ги задржиме во своите огништа, а со цел секако да придонесеме и за подобра инфраструктура, подобро поврзување, побезбедно движење на жителите, рече Бочварски.

Реконструкцијата на патот беше завршена пред Илинден, а како што додаде министерот остануваат уште неколку операции да се завршат во дел на поставување на банкините, поставување на сообраќајните знаци со што реконструкцијата целосно ќе биде завршена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK