Поради дефект на главна водоводна линија на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, без вода остануваат Росоман, како и росоманските села Манастирец и Рибарци, се до санација на дефектот. За ова денеска информираа од Локална самоуправа Росоман.
– Наши екипи се на терен и интензивно се работи на отстранување на дефектот. Се трудиме санацијата да биде најбрзо што може, рече за МИА, Желимир Трикиќ, директор на јавното комунално претпријатие Росоман.
Овие три места со околу три илјади жители, вода за пиење добиваат од регионалниот водовод „Лукар“.