Корисниците на дел од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ денеска ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Јани Лукровски“ бр. 9.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 9 часот и ќе трае до санација на дефектот.