Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 05:00 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Студеничани и Моране. (Општината Студеничани)
• во истиот термин од 05:00 до 12:00 часот и населените места: Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП – Јане Сандански и ЖТП – Зелениково.(Општина Зелениково)
• во два наврата од 08:00 до 09:00 часот и од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од с. Крушопек. (Општина Сарај)
• од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Благој Мучето и Архитект Сотир Томовски. (Општина Аеродром)
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Ловќенска во нас. Козле. (Општина Карпош)