Традиционалната Бадникова поворка составена од деца и родители, во организација на Здружението “Бадникови поворки”, оваа година тргна од Соколански парк кон градскиот плоштад.
Поворката ја предводеа коледари кои ја носеа пештерата со икона на Богородица и Исус и пееја божиќни песни со симболични ѕвезди во рацете.
Учесниците во Бадниковата поворка беа примени во Занаетчиски дом, каде им беа поделени божиќни подароци, со желби за добро здравје, радост и благосостојба, од страна на претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, со претставници од општинската администрација.
Празничниот настан беше збогатен со културно – уметничка програма, во божиќен дух, со поезија и песни, во изведба на ученици кои беа дел од Бадниковата поворка.
The post Бадник – предвесник на Христовото раѓање first appeared on Општина Куманово.