Ансамблот „La Notte della Taranta“ со музички перформанс во Куманово

IMG-21b86e35980320981ca098cbad00487c-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва Куманово беше домаќин на познатиот оркестарски ансамбл „La Notte della Taranta“ („Ноќта на танцот Таранта“), протагонисти на само два концерти во Македонија, кои музичкиот перформанс го одржаа во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”. Овој перформанс е поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот културен институт од Белград, во соработка со Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР при општина Куманово. На вечерта со извонредна музика и танц во ритамот на традиционалната народна музика на регионот Саленто и Апулија, присуствуваа Н.Е. амбасадор на Италија во Република Северна Македонија Андреа Силвестри и претседателката на Совет на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.







Популарниот оркестар “La Notte della Taranta” е основан во 2004 година од страна на активниот културен амбасадор на Италија Амброџо Спарања. Во рамките на перформансот со брз ритам и енергични движења, се развиваат неповторливи сцени, усогласени помеѓу гласовите, кореографиите и сценографиите, умешно претставувајќи ги народните танци со длабоки корени од богатата палета на културното наследство на Италија. Познати се ширум светот и по плодната соработка со реномирани италијански и меѓународни уметници на музичката сцена.

Ѓорѓиевска изрази задоволство од досегашната соработка со пријателска Италија,воспоставените односи и споделени искуства во сите општествени сфери, кои водат кон реални опции за имплементирање на нови проекти, во рамки на заедничките определби.









 

The post Ансамблот „La Notte della Taranta“ со музички перформанс во Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK