Активности во недела од Седмоноемвриската програма (10 ноември)

465969408_1125299945821123_6194242214188969531_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во недела (10 ноември), над 2.600 учесници се очекува да трчаат на трките на 5 и 10 километри (машка и женска конкуренција), во рамки на најголемиот спортски настан во Гевгелија “November run 2024”. Со неговото 4. по ред одржување, веќе се афирмира како традиционален спортски настан, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, кој од година во година ја надминува масовноста со учесници од државата и други странски земји. Трката започнува во 09:00 часот, пред платото „Сава Михалов“.

Вечерта, во 20:00 часот, ќе биде одржана традиционалната културно-уметничка манифестација „Фолклорен ѓердан“, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Во Народниот театар- Гевгелија, ќе настапат: Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, КУД „Отекс фолк“- Охрид, Студио „Фолклор“- Скопје“ и КУД „Паја Зариќ“- Нови Карловци, од збратимената Општина Инџија, Р. Србија.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK