Оделението за заштита на животната средина и природата и ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Здружение на граѓани „Зелена градба асоцијација“, денеска го одбележаа 4 Ноември, Светскиот ден на климатски промени. Беа спроведени активности со цел подигнување на свеста кај граѓаните и последиците од истите, преку хортикултурно уредување: разубавување на училишниот двор на општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, „Христијан Карпош“, на кружниот тек на влез во Куманово со засадување на садници, донирани од Здружението. Согласно фактот дека глобалното затоплување и климатските промени се голем проблем во последната деценија и дека последиците од нив го нарушуваат балансот помеѓу природата и човекот, заедно да поттикнеме значајни промени, преку револуционерни идеи и инспиративни приказни, создавајќи поздрава планета.
The post Активности по повод Светскиот ден на климатски промени first appeared on Општина Куманово.