ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје од денеска до 1.9.2024 година ќе реализираакција за собирање кабаст отпад во општината Чаир.
Жителите на оваа скопска општина во наведениот период ќе може да го одложат својот стар неупотреблив мебел, но и покуќнинат во специјалнитесадови поставени на следните локации:
1. раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ;
2. улицата Ферид Мурад, до средното училиште „Цветан Димов“, кај топланата „Север“;
3. улицата Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилницата „Пајтон“);
4. раскрсницата меѓу улицата Дижонска и улицата Втора македонска бригада (кај контејнерите).