Службите од ЈП „ПОЦ“ задолжени за одржување на хигиената на терторија на Општина Центар спроведуваат акција за расчистување на улиците и јавните површини во општината.
-Во тек е пролетното уредување и детално чистење на сите паркиралишта. Деновиве од отворениот простор на паркингот кај Домот на Армијата беа отстранети стари и искршени клупи, прозори, стакла и друг отпад кои ја грдеа сликата пред влезовите на зградите, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Во акцијата вработените од ЈП „ПОЦ“, како што се наведува во соопштението од Општина Центар, на повеќе локации го расчистуваат сметот, а по обилното миење со цистерната граѓаните добиваат чист и слободен простор за паркирање, без препреки.
Од Општина Центар велат дека акцијата за расчистување на јавните површини ќе продолжи и во наредните денови и на други локации во општината.