9 ноември: „Фолклорен ѓердан“- завршен настан од културно-свечената програма за 7 ноември


574464982_1372415727569899_3495960395438530826_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во чест на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз- Тито“- Гевгелија, традиционално го организира настанот „Фолклорен ѓердан“, во соработка со Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, што ќе се одржи на 9 ноември 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија.

Настанот претставува спектакуларна фолклорна вечер што ја слави традицијата, историјата и љубовта кон народната уметност. На сцената ќе се претстават бројни ансамбли и групи од Гевгелија и од повеќе градови низ државата: „Распеани гевгеличани“, „Распеани пензионери- Сава Михајлов“, Фолклорна група „Пензионерски бисери“- Скопје, ФА „Тиквеш“- Кавадарци, КУД „Илинден“- Битола, КУД „Панче Пешев“- Куманово, како и домаќинот Ансамбл „Бојмија“.


Публиката ќе ужива во шаренило од ора, песни, носии и ритми кои со генерации се пренесуваат како живо културно наследство и израз на народниот дух.

Со „Фолклорен ѓердан“ се затвора петдневната културно-свечена програма по повод Општинскиот празник- 7 Ноември, во рамки на Проектот „Гевгелија град на културата за 2025 година“, со којашто Општина Гевгелија го одбележува овој значаен историски датум преку бројни културни и уметнички содржини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK