47. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи на 20 септември

457249333_528981626160889_6577833647656638935_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Гевгелија, на 20 септември 2024 година, ќе ја одржи својата 47. седница, на која што ќе разрешува и именува членови во неколку постојани Комисии на Советот на Општина Гевгелија. Исто така, Советот на Општина Гевгелија ќе именува нов претседател и нови членови на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „Седми ноември“.

Предвидено е и донесување Одлуки за подигање на спомен-обележје – скулптура на Илија Џаџев и доделување 10 стипендии на студенти во прва година запишани на Машинските и Еектротехничките факултети во Република Македонија. Советот ќе расправа по Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, по измените и дополнувањата на Општинските програми за 2024, согласно ребалансот на Буџетот, како и по измените и дополнувањата на Финансиските планови за работа на образовните и културните институции за 2024 година. На 74. седница, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, да одговора на советнички прашања. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:


1. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за прашања на верификација на мандати на Советот на О. Гевгелија,

2. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за прашања на верификација на мандати на Советот на О. Гевгелијa,

3. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на О. Гевгелија,                    

4. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на О. Гевгелија,

5. Предлог-Решение за разрешување член на Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,

6. Предлог-Решение за избор на член во Комисијата за здравствена, социјална заштита и заштита на децата на Советот на О. Гевгелија,          

7. Предлог-Решение за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „7-ми Ноември“,

8. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда „7-ми Ноември“,

9. Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје – биста на Илија Џаџев,

10. Предлог-Одлука за формирање Одбор за подигање спомен – обележје –биста на Илија Џаџев,

11.Предлог-Одлука за доделување 10 (десет) стипендии на редовни студенти од општина Гевгелија: 5 стипендии на студенти  запишани на Медицинските факултети – отсек општа медицина на РСМ и 5 стипендии на студенти запишани на Машинските и Електротехничките факултети на РСМ, почнувајќи од академска 2024/25 година, се до заврушување на последниот семестар,

12.Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за КП бр.837, КП бр.835, КП бр.838/4 и дел од КП бр.842 КО Ново Конско, општина Гевгелија со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани,

13. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,

14. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2024 година,

15. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,

16. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,

17. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,

18. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година,

19. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план по ставки и потставки на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,

20. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година,

21. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2024 година,

22. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ “Васо Карајанов”- Гевгелија за 2024 година,

23. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ  „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година,

24. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за  2023/2024 година,

25. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за  2024/2025 година,

26. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на бројот на деца во групите  во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024/2025 година,

27. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,

28. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,

29. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ  Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,

30. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз – Тито“- Гевгелија за 2024 година,

31. Предлог-Решение за усвојување на Измените на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година, 

32. Информација од Територијалната противпожарна единица- Гевгелија за состојбата со пожарите што го зафатија подрачјето на општина Гевгелија во летниот период.

33. Советнички прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK