3. седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 14 ноември


574498147_2040403150123110_6198621092742163452_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 ноември 2025 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 3. седница. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа е предвиден следниот дневен ред:

1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година за период (01.01.2025 – 30.09.2025 година- кумулатив),


2. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година,

3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Гевгелија за 2025 година,

4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2025 година,

5. Предлог-Програма за измена и дололнување на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2025 година,

6. Предлог-Програма за измена и дололнување на Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2025 година,

7. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2025 година,

8. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2025 година,

9. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2025 година,

10. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2025 година,

11. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2025 година,

12. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2025 година,

13. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година,

14. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2025 година,

15. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,

16. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2025 година,

17. Предлог-Одлука за одобрување на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2026 година,

18. Предлог-Одлука за доделување 5 (пет) стипендии на студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина на РСМ за академска 2025/2026 година,

19. Предлог-Одлука за Измена и дополнување на Одлуката за одобрување на аплицирање на проект, негова имплементација и обезбедување одржливост на резултатите од проект по Јавен Повик за проектни предлози со бр. 2021TC16IPCB007-2023-3 од ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021-2027,

20. Предлог-Решение за усвојување на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година, за период 01.01.2025 – 30.09.2025 година, со посебен осврт на периодот 01.07.2025 – 30.09.2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK