“11 Ноември” – Меѓународен рапид турнир во шах

received_1208227493620930.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, се одржа интернационален рапид шаховски турнир во СОУ “Перо Наков” – Куманово, во организација на ГШК Куманово, со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови Куманово – ОССК.

Учествуваа шахисти од 4 држави, Македонија, Србија, Бугарија и Косово и од повеќе градови од земјава: Скопје, Штип, Велес, Гостивар, Неготино, Струмица, Гевгелија и домаќинот Куманово.


Шахистите се натпреваруваа во повеќе возрасни категории, а најуспешните се закитија со медали и признанија.

Традиционалната спортската манифестација симболично ја отворија претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и шампионот на Македонија, олимпиецот од Неготино, Тони Лазов, кои го започнаа првиот шаховски меч.

Градскиот шаховски клуб Куманово – ГШК одбележува 90 години постоење, има освоено бројни награди и е член на повеќе меѓународни федерации.






 

 

 

 

The post “11 Ноември” – Меѓународен рапид турнир во шах first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK