10 декември: Читање литературни творби од „Месецот на книгата“


Untitled-design-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 10 декември (среда), во 12:30 часот, во просториите на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, ќе се одржи настан на кој ќе бидат прочитани дел од творбите што учествуваа на овогодишното издание на Литературниот конкурс за ученици по повод Месецот на книгата.

Оваа година, учениците од основните училишта и од средното училиште во Гевгелија имаа можност да се натпреваруваат со есеи и раскази на слободни теми, при што беа доделени вкупно седум награди. Делата беа оценувани од комисии составени од професори по македонски јазик и литература.


На најавениот настан ќе бидат прочитани избрани училишни творби, а во рамките на програмата ќе бидат доделени дипломи и благодарници за учесниците, како и благодарници за менторите кои ги поддржале учениците во процесот на создавање.

Настанот е дел од програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и претставува поттик за промовирање на читањето, креативното изразување и писменото творештво меѓу младите, како и афирмација на Библиотеката како важен културно-образовен центар во градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK