Општина Тетово најавува рушење на крстот на Попова Шапка

Општина-Тетово-најавува-рушење-на-крстот-на-Попова-Шапка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовско-гостиварска епархија информира дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе биде поднесена жалба.



„МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи“, велат од Тетовско-гостиварската епархија.

Од општината објавија дека е донесена одлука за уривање на крстот и дека во Тетово има повеќе од  5.000 решенија за уривање.

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец. На 18 ноември градоначалникот Касами изјави дека согласно нов урбанистички план може да се легализираат верските објекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK