Општина Пехчево бара доброволци за гасење на пожарот, но се забранува самоиницијативно одење да се гаси

pozar-pehcevo.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански синоќа објави нов повик на Кризниот штаб, преку кој ги повика сите доброволци повторно да земат учество, за целосна локализација и ликвидирање на пожарот.


-Доброволците утрово во 05:00 часот да бидат на зборното место на плоштадот Свети Петар и Павле, од каде соодветно ќе бидат упатени за понатамошна интервенција. Потребно е со себе да понесат лопати. Најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот, се вели во повикот.

Пунктот за донирање на храна и вода сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево и понатаму останува  отворен за сите кои ќе сакаат да донираат намирници и вода за доброволците.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK